1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оланд пледира за преодна влада на опозицијата во Дамаск

ЕМФ/дв/дапд5 ноември 2012

Францускиот претседател Франсоа Оланд се заложи за влада на опозиционите сили во Сирија. Во Доха во Катар се одржува конференција на која сириската опозиција треба да избере ново раководство.

https://p.dw.com/p/16co5
Фотографија: REUTERS/Saudi Press Agency/Handout

За време на кусата посета на Саудиска Арабија францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека опозиционерите мора да обезбедат„демократски премин“ во земјата. За вакво нешто, според Оланд, е потребно преструктуирање на опозицијата. Околу прашањето на воена помош за бунтовниците францускиот претседател рече дека за такво нешто предуслов е да има „провизорна влада“.

Во Доха, во емиратот Катар, под покровителство на Арапската лига се одржува конференција на која поделената сириска опозиција треба да избере ново раководство. Сирискиот национален совет, кој во моментов е доминантен, го критикуваше планот што го поддржуваат САД, поради тоа што тој би го намалил влијанието на Советот како најважна опозициона група. Според планот, Сирискиот национален совет, во идното раководно тело од 50 луѓе, би добил само 15 места. Инаку, Советот сега се состои од Сиријци во егзил и академици и е критикуван како неефективен.