1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Олимпискиот оган тргна на пат низ Велика Британија

АТ/ дпа/сид/дв19 мај 2012

Олимпискиот оган за ЛОИ во Лондон, што ќе се одржат во јули и во август, пристигна во Велика Британија. Поранешниот олимписки побединик во едрење Бен Еинсли беше првиот од 8.000 носители на факелот.

https://p.dw.com/p/14yjq
Фотографија: AP

Олипмискиот оган го започна својот пат низ Велика Британија од Лендс Енд, најистурената југозападна точка на островот. Огнот, запален на 10 мај во античка Олипмија, синоќа со специјален лет на Бритиш Ервејс од главниот грчки град Атина пристигна во Велика Британија. Претходно, принцезата Ен, ќерката на кралицата Елизабета Втора и претседателка на британскиот Национален олимписки комитет го презема Олимпискиот оган на свечената церемонија на Олимпискиот стадион во Атина. Фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам со Олимпискиот оган го запали факелот на британско тло.

Факелот ќе мине повеќе од 12.000 километри

Шефот на Олимпискиот организационен комитет Себастијан Кое изјави: „Пристигнувањето на Олимпискиот оган е магичен момент за секоја земја домаќин. Тој на неспоредлив начин ќе спои милиони луѓе во Велика Британија“. 

До свеченото отворање на Летните олимписки игри во Лондон на 27 јули Олимискиот факел ќе го понесат 8.000 луѓе во Велика Британија и Ирска. Најстарата жена која ќе трча со факелот е 100-годишната Англичанка Дајна Гоулд. Тој ќе мине патека долга 12.875 километри. На рутата има 1019 места, со што 95 проценти до Британците добиваат можност да го видат факелот. Таа води и низ некои историски знаменитости, како Стонхејџ или кредестите карпи на Дувар.