1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Олимпискиот факел продолжува низ светот

8 април 2008

Кина почна голема пропагандна кампања против анти-кинеските протести долж патот на олимпискиот оган. Најважна цел за напад се странските медиуми.

https://p.dw.com/p/De6s
Фотографија: AP

Кинеската влада смета дека странските медиуми даваат изместена слика за протестите на Тибетанците против кинеската власт. Обемот и острината на кинеската контракритика се знак за загриженост на комунистичкото раководство во Пекинг дека по ваквиот тек на настаните околу олимпискиот оган, во прашање е ставен и мирниот тек на претстојните Олимписки игри. Во кинеските медиуми, демонстрантите се опишани како тибетански сепаратисти, без да се спомене дека протестите се насочени кон повредите на човековите права во Кина или контроверзната улога на Кина во бегалската драма во Дарфур.

Мирни демонстрации да, насилство не!

Вчера во Париз, олимпискиот оган беше кратко изгаснат. Непосредно по стартот на факелот во Париз, тој мораше поради технички причини да биде изгаснат и со автобус да биде транспортиран натаму. Дојде и до судир меѓу демонстрантите и безбедносните сили. Потпретседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах ги осуди нападите врз факелот: „Против мирни демонстранции нема никој против. Она што е чудно е што сега токму за време на патувањето на олимпискиот оган, кој е симбол на разбирање и треба да симболизира покана за Олимписките игри, тој е напаѓан со насилство. Мирни протести можеа да се предвидат, беа очекувани, тие се легитимни, но насилство не може никогаш да биде средство за политичка конфронтација.“

Утре факелот треба да пристигне во Сан Франциско

Денеска на Голден Гејт Бриџ тројца демонстранти се искачија на најголемиот и најпознат мост во Сан Франциско и го поставија тибетанското знаме, како и два транспаренти на кои се бара слобода за Тибет.

Protestaktion an der Golden Gate Bridge
Мостот Голден ГејтФотографија: AP

Сан Франциско, Париз и Лондон, според вице-шефот на комисијата за координација на летните олимписки игри, Кеван Госпер, уште на почетокот биле проценети како станици на факелот кои ќе бидат најопасни. Toj се заложи за промени во иднина и за можност олимпискиот оган да се носи само од Олимпија во земјата домаќин на игрите. Пекиншкиот комитет за организација на Олимпијадата даде уверување дека факелот ќе го продолжи патувањето со поддршка на луѓето од цел свет. Факелот освен Сан Франциско, треба да мине низ уште 15 градови, вклучувајќи ги и Хонгконг и Макао. Неговата рута низ Кина почнува на 4 мај.