1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН бараат поголема помош за Сирија

АТ/ дпа/афп/ртр/епд14 јануари 2014

Пред почетокот на донаторската конференција во Кувајт, ОН побараа помош за жртвите од војната во Сирија. Само во оваа година на програмата за исхрана на ОН ќе ѝ бидат потребни две милијарди долари.

https://p.dw.com/p/1AqNO
Фотографија: Reuters

Еден ден пред донаторската конференција за Сирија Европската унија најави нова помош. Од буџетот на Унијата ќе бидат одвоени 165 милиони евра за земјата погодена од граѓанската војна и нејзините соседи, соопшти Комисијата на Европската унија во Брисел.

Средствата од новата финансиска помош која сега ја вети Европската унија меѓу другото треба да бидат употребени за медицинска грижа и психолошка помош за жртвите на граѓанската војна.

Обединетите нации се надеваат дека на меѓународната конференција утре (15.01.) во Кувајт ќе бидат собрани вкупно 4,7 милијарди евра за хуманитарни цели. Според медиумски извештаи исламските добродетелски организации ќе донираат околу 292 милиони евра.

Комесарот за бегалци на ОН Антонио Гутереш денеска опомена дека за луѓето во регионот и во иднина итно ќе биде потребна хуманитарна помош. Сѐ на се повеќе од седум милиони Сиријци се упатени на помош во храна. Околку 4,25 милиони луѓе, протерани во сопствената земја, во моментов ја добиваат најнеопходната помош од ОН. 2,9 милиони Сиријци ја напуштија татковината.