1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН им оддадоа почит на жртвите од Аушвиц

25 јануари 2005

На 27 јануари пред 60 години сојузниците го ослободија концентрациониот логор Аушвиц.Вчера по овој повод за првпат беше одржана манифестација во спомен на жртвите во Генералното собрание на ОН.

https://p.dw.com/p/AcHw
Фотографија: AP

Ова не беше лесен ден за германскиот министер за надворешни работи.По големите говори на сојузниот претседател Рихард фон Вајцекер по повод 8 мај или обраќањето на Јоханес Рау во израелскиот парламент,пред највисокиот пленум на ОН тој претставуваше земја во чие име,како што рече генералниот секретар на ОН Кофи Анан,се случи злото:

"Ова варварско злосторство секогаш ќе биде дел од германската историја.За неа тоа значи апсолутен морален пад,цивилизациски крах без пример."

Поради тоа,истакна Фишер во ОН,неповредливоста на човековото достоинство во 1949 година стана основа на уставот:

"Новата,демократска Германија извлече поука од ова.Таа носи длабок печат на историско моралната одговорност за Аушвиц."

Никогаш повеќе,гласи пораката од демократска Германија,никогаш повеќе е суштината и на повелбата на ОН.Фишер и Кофи Анан потсетија на тоа дека и ОН беа основани за да бидат спречени геноциди како оние врз Евреите во Европа.Анан изјави:

"Вакво зло не смее никогаш повторно да се случи,мораме да препознаеме и не смееме е да дозволиме такво нешто да се случи.Многумина го направиле тоа додека нацистите ги граделе своите фабрики за смрт."

Вакво злосторство не смее да се повтори ни во Дарфур,оцени Анан.Руанда,Камбоџа или Косово покажаа дека светот не е ослободен од злото.Предупредувања слични на ова изрекоа речиси сите од 35-те говорници пред полупразната сала на Генералното собрание на ОН.

На ова тело му требаа 60 години за темата да ја стави на својот дневен ред и да свика вонредно заседание.Преживеаниот од Холокаустот и Нобеловец Ели Визел покажа со прстот и на оние кои со својата пасивност дозволија да се случи логорот за уништување кој го изградија нацистите.

Тој исто така праша дали светските сили,дали САД не можеа да сторат повеќе за да ги намалат размерите на еврејската трагедија.

"Во тие времиња оние кои беа таму,во логорите,чувствуваа не само дека се мачени и убивани од своите непријатели,туку го чувствуваа и молкот,немото посматрање од светот. Сега ,60 години подоцна светот се обидува барем да слуша.

Преку затворањето на ушите,на очите,преку нерешителното однесување,најголемиот дел од добрите според мислењето на Анан дозволија да се изврши масовноот убоство на Евреите.Поради тоа,изјави германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер,би морале и ОН ,но и Греманија да извлечат консеквенци:

"Нашата историја не обврзува да внимаваме и да се бориме против секоја форма на антисемитизам,но и на расизам,непријателство кон странците и нетолеранција."