1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН - Косово

19 март 2007
https://p.dw.com/p/AgMg

Советот за безбедност на ОН, денеска на затворена седница ќе ја разгледува ситуацијата на Косово, по извештајот на шефот на УНМИК, Јоаким Рикер за работата на цивилната администрација во последните три месеци. Според најавите ,нема да стане збор за предлогот на специјалниот преставник на ОН за статусот на покраината Марти Ахтисари, кој минатата недела предлог документот му го достави на генералниот секретар на светската организација, Бан Ки Мун. На тема Косово денеска во Вашингтон ќе разговараат американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс и ЕУ тројката, Штајнмаер-Солана-Валднер. На разговорите се очекува да стане збор за последниот предлог на Русија која побара продолжување на преговорите за статусот на Косово, кои би се одвивале со посредство на нов специјален преставник на ОН. Москва смета дека доколку Ахтисари ја завршил мисијата треба да му се заблагодари за завршената раборта и да се продолжат преговорите под водство на нов преставник. Официјален Белград го поздрави предлогот на Русија.