1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН мораат да станат поефикасни

Интервјуто го водеше Миодраг Сорич22 септември 2007

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнамер наредната недела ќе учествува на Генералното собрание на ОН во Њујорк. При посетата на Дојче Веле, тој зборува за најважните теми на престојните средби.

https://p.dw.com/p/BiR1
Франк Валтер Штајнмаер во Дојче ВелеФотографија: DW/F.Craesmeyer

Дојче Веле: Гопсодине министер за надворешни работи, наредната недела ќе учествувате на Генералното собрание на ОН, кои ќе бидат темите за кои ќе се залагате?

Штајнмаер: За жал како и во изминатите години - тоа ќе биде реформата на ОН. Знаете: на маса има 101 предлог за реформа на институцијата на ОН. Мислам дека сите сфаќаат дека организацијата мора да биде поефикасна, отколку што е во моментов, дека финансирањето мора да биде поставено на постабилна основа. Работиме на тоа, но не напредуваме доволно брзо. Оттука тоа ќе биде темата што ќе преовладува на Генералното собрание на ОН. Покрај ова се разбира: Генералниот секретар упати покана за седница на шефовите на влади, на која треба да се разгледа темата клима и енергетска политика. Чекор кој многу го поздравуваме, бидејќи напорите за ограничувањето на климатското затоплување под капата на ОН, може да имаат среќна завршница. Со интерес ја чекаме и конференцијата на Бали и интензивно ќе работиме, наредната година и половина да се постигне меѓународен договор за замена на Кјотот протоколот кој истекува.

Каква улога ќе игра темата Иран?

Темата Иран со сигурност – доколку претсеадателот на Иран зборува пред Генералното собрание – ќе игра голема улога. Но интересно е исто така дека на маргините на Генералното собрание ќе се оддржи состанок на шестте држави трите европски плус Русија, Кина и САД за да се разгледа прашањето како понатаму? Ќе треба да анализираме колку Иран во моментов покажува подготвеност за соработка со Меѓународните атомски власти, да одговори на отворените прашања, кои треба да докажат дека во Иран не се одвива тајна нуклеарна програма. И одново ќе укажеме на тоа дека неможе да дозволиме Иран тајно или јавно да се вооружува со нуклерано оружје, напротив: Мислам дека развојот во последната година докажа дека нашите заеднички напори мора да ги насочиме во првец да се ограничи нуклеарното оружје и коку што е можно повеќе да се спроведе разоружување. Развојот во никој случај не смее да оди во друг правец.

Русија не сака повеќе да се придржува до договорот за конвенционално оружје во Европа. Вие стартувавте иницијатива, Русија реагира помалку воздржано. Кои се наредните чекори?

Тоа е поврзано, со темата што веќе ја спомнавте. Ме загрижува, што во моментов се става под знак прашање со децении напорно изработениот архитектонски план за разаоружување. Се чини дека процесот во моментов оди во надолна линија. Кон ова припаѓа и објавата на претседателот Путин за суспензија на договорот за конвенционално оружје во Европа, со кои треба да се ограничи вооружувањето со конвенционално оружје. Пружаме големи напори да се врати разумноста во меѓународната заедница, ги поканивме во Берлин, речиси сите држави кои се интересираат за овој договор за уште еднаш да се разговара, како овој систем на разоружвачка архитектура може да се спаси. Русија потврди дека ќе дојде. Тоа сепак е еден чекор.

Тоа значи дека сте оптимист дека нема да пропадне?

Со оглед на целата област, не смее да се биде претерано оптимис. Но оптимизмот не е еднинственото нешто што придвижува. Дури и кога сакаме да спречиме негативен развој и сметаме дека сме во состојба да го сториме тоа, мора да постои ангажианрост.

Господине министер, каква улога игра Дојче Веле во однос на медиумската и културната работа во странство од ваш агол?

За мене централна улога. Би сакал да ја искористам оваа прилика и да кажам: Дојче веле е важно за нас, бидејќи секојдневно е присутно во региони, каде со посетите на министерот за надворешни работи или неговите претставници или парламентарци се поретки. Ме радува што Дојче Веле секојдневно се залага за плурализам, за демократија и за зачувување на човековите права. Тоа секогаш е неопходно да се каже.