1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН: Насилството во Сирија е неприфатливо

Александар Методијев/ројтерс/бета/миа26 мај 2012

Бројот на загинати во напад на владините сили врз градот Хула се зголеми за 90 лица. Арапската телевизија Ал Арабија објави дека руски брод со оружје плови кон Сирија.

https://p.dw.com/p/152qX
Фотографија: Reuters

Бројката на загинати ја објави опозициска група, која тврди дека нападот се случил во центарот на провинцијата Хомс. Меѓу загинатите наводно 25 се деца. Во нападите на Хула и околните села биле повредени 100 лица. Сириските опозиционери тврдат дека силите на Башар ал-Асад отвориле оган од тешко вооружување, користејќи тенкови и минофрлачи.

Bombenanschlag in Deir Al-Zour Syrien
Опозицијата тврди дека во нападот загинале и 25 децаФотографија: picture-alliance/dpa

Во исто време, арапската телевизија Ал Арабија објави дека руски брод натоварен со оружје плови кон Сирија и во текот на викендов би требал да пристигне во сириското пристаниште Тартус. Според Ал Арабија, бродот испловил од Русија на 6-ти мај и се движи „на сомнителен начин обидувајќи се да ја сокрие својата крајна дестинација“.

Информацијата за западни медиуми ја потврдиле и неименувани дипломати во седиштето на ОН во Њујорк, кои изјавиле дека веста на Ал Арабија е веродостојна.

Изворите во ОН тврдат дека станува збор за бродот „Професот Кацман“, кој плови под знамето на Малта, но е во сопственост на кипарска фирма која, пак, е сопственост на руска компанија.

Belgien EU UN Generalsekretär Ban Ki-moon in Brüssel
Бан Ки Мун повторно ја критикува сириската влада за продолжувањето на насилствотоФотографија: dapd

Генералниот секретар на ОБ Бан Ки Мун изјави дека во Сирија секој ден е присутно „неприфатливо ниво на насилство и злоупотреби“, со што се крши мировниот план на ОН и најголемата вина за таквата состојба и’ ја препиша на сириската влада.

ОН минатата недела соопштија дека од избивањето на конфликтот во Сирија загинале најмалку 9.000 лица.