1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН: Предлог - резолуција од Бразил и Германија против шпионажа

ЖА/дв/миа8 ноември 2013

Шпионската афера на американската тајна служба НСА зафаќа се‘ пошироки кругови, со неа сега треба да се зафатат и ОН. Германија и Бразил доставија предлог - резолуција против илегалното електронско следење.

https://p.dw.com/p/1AE4H
Фотографија: picture-alliance/dpa

Германија и Бразил до Генералното собрание на Обединетите нации доставија нацрт-резолузија против шпионирањето на електронските комуникации, нагласувајќи дека правото на неприкосновеност на приватниот живот е основното човеково право и столб на демократијата.

Во нацрт-резолуцијата се повикува на заштита на правото на приватност во онлајн комуникациите, кое според авторите на документот, е од суштинско значење за заштита на слободата на говорот.

„Генералното собрание нагласува дека истите права, кои луѓето ги имаат во реалниот живот, треба да се заштитат и онлајн, особено правото на неприкосновеноста на приватноста. Брзиот развој на технологиите ја зголемува способноста за следење, шпионирање и собирање податоци, што може да ги наруши човековите права“, се вели во нацрт-резолуцијата.

Во неа се повикуваат државите - членки на национално ниво да формираат надзорни независни органи заради обезбедување на транспарантност при државните акции на следење на комуникациите и гарантирање на приватните податоци.

Документот е доставен по серијата откритија дека САД прислушувале странски лидери, меѓу кои и германската канцеларка Ангела Меркел и претседателката на Бразил, Дилма Русеф.

Резолуциите на Генералното собрание на ОН не се правно обврзувачки.