1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН усвоија договор за контрола на трговијата со оружје

АТ/ ртрд/ афпд/ дпа/ епд/ макфакс3 април 2013

Генералното собрание на ОН го усвои првиот светски договор за регулирање на трговијата со оружје. Преговорите траеа речиси седум години.

https://p.dw.com/p/188WF
Фотографија: imago stock&people

Јасно мнозинство од 154 држави во ОН во Њујорк гласаа за Договорот за глобалната трговија со конвенционално оружје. Договорот минатата недела на Кoнференцијата на ОН посветена на трговијата со оружје не беше усвоен, оти тогаш беше неоходна едногласна одлука. По десетдневни преговори Иран, Сирија и Северна Кореја го блокираа компромисот.  По неуспехот на Конференцијата голем број земји членки на ОН се изјаснија за тоа предлог договорот да му биде приложен на Генералното собрание на ОН. Таму е неопходно просто мнозинство. При повтореното гласање, Сирија, Северна Кореја и Иран повторно го одбија договорот. 23 држави беа возржани, меѓу нив Русија и Кина.

Со договорот државите меѓу другото се обврзуваат да обезбедат дека нивното оружје нема да стигне во погрешни раце. Тој ги опфаќа следниве категории: борбени оклопни возила, артилерија, борбени авиони и хеликоптери, борбени бродови и ракети како и ситно оружје, на пример автоматско оружје. Исто така и муницијата и резервните делови за системите за вооружувување се вклучени во конторлата на извозот.

Државите треба да воспостават контролни системи, доколку тие не постојат. Тие подготвуваат листи за увоз и извоз, кои потоа ќе ги проследат до секретаријатот на конвенцијата за трговија со оружје. Договорот сепак не предвидува санкции доколку се прекршат правилата. Одредбите не го ограничуваат извозот на оружје од Германија, бидејќи постоечките одредби за експорт на ЕУ и националните германски правила се построги отколку новиот меѓународен договор.

UN Vertrag Kontrolle Waffenhandel
Генералното собрание на ОН го усвои Договорот за глобалната трговија со конвенционално оружјеФотографија: Timothy a. Clary/AFP/Getty Images

Германија и Амнести интерншнл го поздавија договорот

Германската влада изрази задоволство од постигнатиот договор. „Ова е пресвртница во нашите напори за контрола на вооружувањето и безбедноста во светот“, изјави германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле.

Организацијата за човекови права Амнести интернешнл договорот го оценин како историски успех за цивилното општество. „Светот долгот чекаше на овој историски договор. По долгите години заговарање, мнозинството држави се согласија да го усвојат глобалниот договор кој може да го спречи прелевањето на оружјето во земјите во кои ќе биде употребувано за вршење злосторства“, изјави од конференцијата на ОН во Њујорк, Брајан Вуд, надлежен за надзорот и човековите права во Амнести интернешнл. „И покрај длабоко циничниот обид на Иран, Северна Кореја и Сирија да го спречат, големото мнозинство држави во светот е гласната поддршка за овој закон кој ќе спаси животи и во чие средиште е заштитата на човековите права“, оцени Вуд.

Генералното собрание на ОН во 2006 година донесе одлука да започнат преговори за постигнување на договор за трговијата со оружје во светот. Амнести интернешнл проценува дека трговијата со оружје годишно изнесува 70 милијарди американски долари.