1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН ја напуштаат Сирија, Обама предупредува

ЖА/дв/дпа/афп/ртре4 декември 2012

Поради перманентното насилство во Сирија, ОН ги повлекуваат своите соработници од земјата. Исто така и ЕУ го намалува дипломатското присуство во Сирија. Американскиот претседател предупреди од употреба на хемиско оружје.

https://p.dw.com/p/16vG6
Фотографија: Getty Images

ОН го стопираат делумно својот ангажман во Сирија. Портпаролот на светската организација Мартин Несирки во Њујорк изјави дека „соработниците кои не се итно неопходни“ ќе бидат повлечени поради влошената безбедносна ситуација. И ЕУ планира да го намали дипломатското присуство во Дамаск. Персоналот од сирискиот главен град „поради безбедносни причини“ ќе биде силно редуциран врз „минимум“, соопшти портпарол на европската висока претставничка за надворешна политика Кетрин Ештон во Брисел.

Најавите за повлекување следуваат неколку дена откако конвојот на ОН на улиците на сириската метропола Дамаск, каде се водат жестоки борби, на пат кон меѓународниот аеродором, беше погоден од оружје. Притоа беа ранети двајца војници, припадници на Сините шлемови, по потекло од Австрија.

Координаторот на ОН за помошта за Сирија, Радхуан Нуисер изјави дека безбедносната ситуација станала „екстремно тешка“. ОН досега имаа ангажирано околу илјада меѓународни и домашни соработници во Сирија.

USA Obama Wirtschaftspolitik Rede
Обама го предупреди Асад да не посегнува по хемиско оружјеФотографија: Reuters

Загриженост од употреба на хемиско оружје

Заедно со растечката нестабилност расте и стравот од можна употреба на хемиско оружје во Сирија. Американскиот претседател Барак Обама го предупреди шефот на сириската држава Башар ал-Асад дека посегнувањето по хемиско оружје во борбата против опозицијата би било целосно неприфатливо и би имало последици. Асад мора да биде свесен дека ќе одговара за такво нешто, изјави Обама во Вашингтон. Слично претходно се изјасни и американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон. Употребата на хемиско оружје би била „надминување на црвената линија за САД“. Од сириското министерство за надворешни работи се вели дека „ваков вид оружје во никој случај не би било употребено против народот“. Сирија наводно располага со голем арсенал на хемиско оружје.

Весникот „Њујорк тајмс“ известува за алармираноста на САД и Европа откако се забележани раздвижувања на сириското хемиско оружје. Весникот цитира американски претставник, според кого се претпоставуваат „активности“ за подготовка на употреба на хемиско оружје.

НАТО ќе ја одобри мисијата Патриот

Рускиот претседател Владимир Путин при посетата на Турција првпат направи јасна дистинкција меѓу Сирија и сириското раководство, чиј најважен сојузник на меѓународен план е Москва. Русија не е „адвокат“ на владата на Башар ал-Асад, изјави Путин. Москва единствено е загрижена за иднината на Сирија. Според Путин, стационирањето на противвоздушните одбранбени ракети Патриот во турското гранично подрачје е погрешно. НАТО денеска (04.12) веројатно и формално ќе одобри употреба на Патриот ракетите за да се спречи гранатирање или ракетирање на турските села од сириска територија. Турската телевизија НТВ јавува за пристигнувањето на германски и холандски единици во граничниот појас на Турција кон Сирија.

Raketen Abwehrsystem Patriot der Bundeswehr Soldaten
НАТО денеска веројатно и формално ќе одобри употреба на Патриот ракетитеФотографија: Getty Images