1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опасна дрога се’ повеќе се шири во Германија

Клара Блајкер/ Александра Трајковска17 февруари 2013

Министрите за внатрешни работи на Германија и на Чешка имаат намера да преземат заеднички мерки против дрогата Кристал мет, која преку чешката граница најмногу е распространета во Баварија и Саксонија.

https://p.dw.com/p/17ezB
Фотографија: picture alliance/dpa

Дрогата Кристал мет, позната и како Кристал спид или Метамфетамин го уништува животот на консументот во рекордно брзо време. Доволен е еден „трип“, за да се создаде зависност. Последиците од дрогата се испаѓање на заби, разрането непце, несоница и халуцинации, па се’ до излив на крв во мозокот и прекин на работата на срцето.

Употребата на дрогата Кристал е растечки проблем во германските покраини Саксонија и истокот на Баварија, каде зависници од дрога и љубопитни лица е потребно само да ја минат границата и да стигнат до дрогата. Во Чешка кујните за производство на Мет изникнуваат како печурки, и дрогата може едноставно и поволно да се купи на азиските пазари во пограничните региони.

Joachim Herrmann Innenminister Bayern
Министерот за внатрешни работи на Баварија Јоахим ХерманФотографија: picture-alliance/ dpa

Ова сега треба да прекине. На заедничка конференција деновиве во Прага се сретнаа министрите за внатрешни работи на двете земји - германскиот министер Ханс Петер Фридрих и неговиот чешки колега Јан Кубице. Присутни беа и министрите за внатрешни работи на најпогодените германски покраини Баварија и Саксонија.

„Централно место зазема зајакнувањето на соработката на властите за безбедност на чешка и на германска страна“, изјави министерот за внатрешни работи на Баварија Јоахим Херман за ДВ. „Нашата цел е сосема јасна, дека во последните години постојано гледаме пораст на производството на Критал спид и сакаме тука да ја запреме нејзината дистрибуција. Сакаме да создадеме тренд на повторно опаѓање производство на дрогата, веќе по можност наредната година и на тој начин да опаднат количините кои се најдени“.

EMCDDA Logo
Европски мониторинг центар за дроги и зависности од дроги

Само во Баварија бројот на откриени консументи во рок од една година е зголемен за повеќе од 15 проценти. Во 2011 година биле откриени 1.832 консументи, додека при контролите во 2012 нивниот број се зголемил на 2.123 лица, вели Херман. Освен ова во 2011 година во Баварија биле откриени 11,7 килограми Критал, додека во 2012 околу 14 килограми, подвлекува покраинскиот министер.

Од лекарство до дрога за забава

Денес дрогата користи како дрога на забави и се вбризгува или се пуши. По консумирање на Кристал може да се забавува 30 часови без престан, без чувство на срамежливост, замор или глад - за потоа да дојде голем пад.

Поради ваквото стимулирачко дејство Критал порано беше позната под иметно Первитин и во Втората светска војна беше омилена меѓу германските војнци на Верхмахтот како стимулирачко средство. „Исто така и во Чешка и Словачка Первитин беше на рапсолагање како лекарство. Таму се формираше соодветен пазар на конзументи“, вели за ДВ Рајнер Касекер, национален ополномоштеник во Европскиот мониторинг центар за дроги и зависности од дроги.

Состојките, кои се потребни за Критал може да се најдат во средствата против грип или средствата за чистење на одводните цевки, кои слободно можат да се купат. Во Чешка според Касекер, по отворањето на границите според Шенгенскиот договор, се создале вистински „трговски структури“, бидејќи споредбено поволните цени привлекуваа муштерии од Германија и бидејќи според чешкиот закон поседувањето на до два грама Метамфетамин се третира само како прекршок. Се’ уште.

Crystal Meth Crystal Meth-Kristalle
Кристал метФотографија: DW

Министерот за внатрешни работи на Баварија Херман ја поздравува одлуката, што полицијата во соседната држава и чешкиот министер за внатрешни работи имаат намера да воведат построги мерки и горната граница на поседување на Метамфетамин за сопствена употреба да се намали и ограничи на 0,5 грама.

Проширување во се’ повеќе германски покраини

Меѓутоа со тоа што кујните каде се произведува Кристал во Чешка се наоѓаат во близина за германските зависници од дрога не се проблем ниту ограничувањата на количините.  Хајке Вилсдорф од главната царинска служба во Дрезден вели дека нејзиниот оддел е секојдневно конфронтиран со овој проблем. „Консументите и дилерите можат директно да се снабдат со Критал кај производителите и тоа за релативно поволни цени. Тоа немора да бидат големи количини, вусшност тие можат секоја недела да одат таму“.

Crystal Meth Crystal-Konsument
Консумент на КристалФотографија: DW

Како во Баварија, така и во Саксонија веќе неколку години расте користењето на оваа дрога. Од 2011 во 2012 година кај надлежните органи во главната царинска служба во Дрезден регистиран е пораст од 60 проценти за отворање на истражни постапки поради Метамфетамин. Вилсторф исто така укажува дека Кристал не е повеќе регионален проблем. Дрогата се шири како тумор и започна да се проширува и во Саксонија Анхалт, Тирингија, Бранденбург, Берлин и Долна Саксонија.

Особено е трагично, бидејќи млади луѓе, кои сакаат дрогата Кристал да ја испробаат за забава, честопати веќе неможат да се откажат од неа. Квотата употреба на дрога кај корисиниците на Метамфетамин е преку 80 проценти, вели Вилсдорф.

„Погодените ни велат единствено извлекување е ако се успее воопшто да не се проба“, појаснува портпаролката. „Кристал не е дрога која може некогаш да се проба, оти уште од првиот пат може да доведе до зависност“.