1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опасност од терористички напад во Германија поради финалето на ЛШ?

АТ/ дпа/ртр/сид/шпигел-онлајн25 мај 2013

Фудбалските навивачи со нетрпение го очекуваат финалето на Лигата на шампионите меѓу Бајерн Минхен и Борусија Дортмунд на стадионот Вембли во Лондон. Еуфоријата меѓутоа ја засенува наводно предупредување од тероризам.

https://p.dw.com/p/18dqD
Фотографија: picture-alliance/dpa

Германската криминалистичка служба (БКА), според информации на „Шпигел-онлајн“, добила укажување од руската внатрешна тајна служба за наводи планови за напади против фудбалските навивачи во Германија. Исламистите во визирот ги имале собиралиштата каде навивачите преку видеобимови ќе го следат финалниот натпревар од Лигата на шампионите. Шефот на БКА Јерг Цирке ова им го соопштил на покраинските министри за внатрешни работи вчера на затворена работна средба, јавува „Шпигел-онлајн“. Цирке пред министрите за внатрешни работи изјавил дека се работи за „укажување кое треба сериозно да се сфати“.

Колку е конкретно предупредувањето, засега не се знае. Слични укажувања во минатото се покажаа како погрешни. Сепак навивачите треба да очекуваат засилени безбедносни мерки.

Министерството за внатрешни работи демантира

Германскиот министер за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих нема конкренти сознанија за планови за напади врз навивачите. „Германија веќе подолго време стои во визирот на меѓународниот тероризам. Во моментов нема укажувања за планови за напади или цели за напади во Германија“, рече Фридрих, според информации од неговото министерство. „Кај големи случувања, како денешното финале во Лигата на шампионите во Лондон безбедносните органи на сојузно и на покраинско ниво имаат интензивна размена со европските партнери“. 

Hannover - Innenminister Friedrich begrüßt irakische Flüchtlinge
Министерот за внатрешни работи Ханс Петер ФридрихФотографија: picture-alliance/dpa

Во Лонодн веќе со денови е зголем степенот на претпазливост, по нападот врз британскиот војник на улица од страна на најверојатни исламисти. На средината на април пак за време на бостонскиот маратон во бомбашки напад беа убиени три лица. Повеќе од 200 беа повредени.

Контролите на чантите се рутина

Во многу германски градови т.н. „Фан милји“ каде на големи видеобимови ќе се следи натпреварот веќе се подготвени. Полицијата во Берлин досега не објави поединости за мерките за безбедност. Контролите на чантите на големи манифестации меѓутоа веќе се рутина, изјави портпарол на полицијата.

На берлинската навивачка улица меѓу Бранденбуршката порта и Столбот на победата организаторите очекуваат повеќе десетици илјади посетители. Исто така навивачки зони ќе има во Дортмунд и Минхен. Полицијата во Дортмунд смета дека нема опасност за навивачите кои преку т.н. Паблик вјуинг ќе го следат натпреварот.