1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОПЕК најави зголемување на производството

15 септември 2004
https://p.dw.com/p/AcLF
Фотографија: AP

Организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК денеска во Виена најави зголемување на производството од почетокот на ноември на 27 милиони барели дневно. Тоа е еден милион барели повеќе од досегашното ниво, што би требало да помогне во намалувањето на цените на црното злато на светските пазари.

Ова е само формално решение што треба да изврши психолошко влијание врз светските пазари, бидејќи земјите членки на ОПЕК веќе произведуваат повеќе од формално договреното количество. Тоа што цените остануваат и понатаму високи има други причини: прво, постојат премалку рафинерии за да ја преработат нафтата во гориво; второ, постојаните напади во Ирак, како и невремето на Карипските острови ги зголемуваат стравувањата на берзите дека може да дојде до теснеци во снабдувањето со нафта. Така актуелните високи цени во себе содржат голем дел нереални, шпекулативни додатоци, смета претесдателот на ОПЕК, Пурномо Јусгијанторо:

“Пазарот е и понатаму добро снабден со нафта. Тоа се должи на фактот што ОПЕК веќе произведува на горната граница на неговите капацитети. Ние го исполнивме ветувањето и значително го зголемивме производството!"