1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Операцијата во Ерихон „злостор што не може да се прости„

16 март 2006

Палестинскиот Претседател Махмуд Абас остро ја осуди операцијата на израелската армија врз затворот во градот Ерихон. Тоа е „злостор што не може да се прости„ и тешко понижување на палестинскиот народ.

https://p.dw.com/p/Ae3H
Млади жени со знамето на Палестина
Млади жени со знамето на ПалестинаФотографија: AP

При посетата на разурнатиот палестински затвор во Ерихон на Западниот брег на реката Јордан, Махмуд Абас нагласи дека акцијата на израелската војска е противзаконски чин. Со неа се прекршуваат бројни договори што се во темелите на мировниот процес за Блискиот исток, нагласи Абас кој поради овој инцидент ја прекина европската турнеја. Во Европскиот Парламент каде вчера требаше да зборува, пратениците во негово одсуство остро ја критикуваа операцијата на израелската армија во Ерихон.

Во меѓувреме Палестинците во голем број се одзваа на повикот за генерален штрајк во автономните подрачја, во знак на протест против израелскиот напад врз затворот.

Вршителот на должноста израелски премиер Ехуд Олмерт напротив ги пофали војниците кои учествуваа во операцијата, која ја оцени со следните зборови:

„Горди сме што ја спроведовме правдата над овие убијци без при тоа да повредиме коко и да е од лицата кои не се вмешани.„

Во акцијата на израелската армија за апсење на лидерот на Народниот фронт за ослободување на Палестина Ахмед Садат и петмина негови следбеници во затворот во Ерихон животот го загубија двајца палестински полицајци кои го чуваа затворот, а уште 25 лица беа повредени. Операцијата изведена со тенкови и булдожери траеше неколку часа.