1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опера во дневната соба

Ана-Ребека Хелми/ Жана Ацеска3 април 2013

Идејата за опера во домашни услови е на Хетна Брун од Данска, која живее во Берлин. Таа смета дека оперите треба да се изведуваат очи в очи со луѓето, за музиката подобро да се доживее.

https://p.dw.com/p/187Pd
Фотографија: Christoph Richter

Аријата на Адел од оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус: сопранистката Денис Бек се загрева за настап. Обично таа е на оперската бина, но вечерва е во овој стан во Берлин, на покана на Кристоф Андреас Бихзел. Тој е домаќин на Хоумопера, Опера за дома. Поканети се 60 гости.

Домаќинот Бихзел, којорганизира опера за дома ги набројува подготовките:

„Добив засилување, бевме да купуваме, клавир-штимерот беше овде, чистев“...

Das Wohnzimmer als Opernbühne
Фотографија: Dejan Patic

Идејата за опера во домашни услови е на Хетна Брун од Данска, која живее во Берлин:

„Оперите треба да се изведуваат очи в очи со луѓето, значи не на оние бини, туку блиску до луѓето, оти музиката е толку прекрасна.“

За операта за дома се наплаќа на вратата. За 25 евра се влегува по чорапи во собата.

На дофат на раката - пејачите и публиката непосредно едни до други.

Хетна Брун, во виолетовиот фустан, е шефица на ансамблот на Операта за дома.

Роман Вегер, еден од гостите објаснува зошто му се допаѓа оваа атмосфера:

„Овде можете да го правите она што во операта обично не е дозволено. Овде можете опуштено да се забавувате.“

Das Wohnzimmer als Opernbühne
Фотографија: Christoph Richter

Гизела Фабијан дополнува:

„Вистински се доживува она, што тие сакаат да го изразат и што го носи музиката, тоа влегува длабоко во срцето и затоа ова е чудесно доживување.“

Опера за дома. Потребен е само клавир, голема соба... и неколку рала чорапи.