1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опозицијата во Белорусија не планира нови протести за скоро време

26 март 2006

По насилното расчистување на демонстрациите во Минск белосруските власт и натаму ги држата затворени уапсените опозиционери кои излегоа на протести. Сеуште не е позната судбината на еден од водачите на опозицијата Александандер Косулин.

https://p.dw.com/p/Ac7p
Александар Косулин еден од водачите на опозицијата
Александар Косулин еден од водачите на опозицијатаФотографија: AP

Александер Косулин и натаму се води за исчезнат. Вoдачот на опозицијата и поранешниот претседателски кандидат е уапсен во саботата попладне во Минск. Но и покрај објавата дека Косулин е исчезнат и тоа што неговата сопруга го бараше во сите затвори на белосрускиот главен град сеуште нема трага од него.

Министерот за внатрешни работи нба Белорусија, Владимир Наумов тврди дека Косулин повикал за уривање на режимот и на физичко уништување на претседателот Александар Лукашенко. Ова би можело да повлече голема казна. Според официјални податоци досега се уапсени најмалку 52, кои учествувале на демонстрациите во Минск. Според белоруската група за заштита на човековите права Васња уапсени се повеќе од 100. По протестот во еден парк во Минск, во саботата демонстрантите се упатија во правец на истражен затвор, каде се наоѓаат повеќе од 300 студенти и уапсени демонстранти. Тие биле стопирани од полицијата со шок гранати, димни бомби и палки. Многумина пoтоа мораа да добијат медицински третман.

Западните политичари меѓу нив и германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер го осудуваат настапот на белосруските власти и бараат ослободување на демонстрантите.

Александар Милинкиевиќ, водач на опозицијата и исто така еден од кандидатите за претседател најави дека во прво време нема да има други демонстрации. Според него една од големите цели е надмината, а тоа е стравот да му се спротивстават на режимот на Лукашенко.

Сепак многумина граѓани на Белорусија воопшто и незнаеле дека во саботата имало демонстрации и судири на полицијата со протестантиете. Ова произлегува од телефонските повици на првата германска телевизија кај приватни лица во Белорусија.