1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опозицијата во Бундестагот меѓусебно ќе соработува

18 октомври 2005

„Малите“ ќе ги бранат своите парламентарни права, ако големата коалиција покаже склоност да го злоуотребува своето мнозинство

https://p.dw.com/p/AcBw
Волфганг Герхарт
Волфганг ГерхартФотографија: AP

Во новиот состав на парламентот од вкупно 614 пратеници, фракцијата на партиите на Унијата ЦДУ/ЦСУ има 226, социјалдемократите 222 пратеника. Значи, евентуалната идна голема коалиција би имала двотретинско мнозинство - со тоа и можност за спроведување дури и на измени на уставот.

Опозицијата ќе ја сочинуваат помалите партии: либералите, Левичарската партија и Зелените. Од нивните редови денеска беа испратени навестувања дека нема да бидат на маргините на случувањата.

„Иновативна програма за Германија, комплетна обнова, повторно здобивање со конкурентност – се’ она што го гледам кај големата коалиција што е на повидок, ни дава можност ние во ова прилично добро да се докажеме“ – рече шефот на либералната фракција Волфганг Герхард.

„Судбината на целата земја треба да зависи од тоа дали ќе се избере ЦДУ или СПД. Сега тие констатираат дека и заеднички можат прекрасно. Дури ни не мораат да разговараат за тоа. Прво ги поделија функциите, што зборува за содржинска усогласеност. Тоа некого барем би требало да го загрижи. Против ова ние ќе правиме опозиција“ – најави Грегор Гизи од Левичарската партија. Тој извести дека во првите разговори била постигната согласност опозиционите партии меѓусебно да се поддржуваат кога се во прашање парламентарните права, оти „една голема коалиција може да биде склона едноставно да го злоуотребува своето мнозинство“.

„Како некогашен министер за земјоделство би можела да кажам: ’Изметот не треба да се потценува‘ оти е најдобро ѓубриво. Сосем сум убедена дека помеѓу либералите и левичарите и нивните концепти, за кои мислам дека се редуцирани на поединечни траги, ние ќе имаме мноштво од можности“ – оцени Ренате Кинаст од Зелените.