1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опозицијата не излегува на избори без исполнети барања

1 март 2011

Ако премиерот Груевски не ги исполни условите поставени од опозицијата, тогаш партиите од опозицискиот фронт нема да учествуваат на изборите. Ова е заклучокот од средбата на лидерите на опозицискиот фронт во Македонија

https://p.dw.com/p/10RMo
Фотографија: DW

„За опозицискиот фронт само предвремени, фер и демократски избори се решение за севкупната криза која во Македонија ја создаде Никола Груевски. Изборите мора да бидат фер и демократски, а барањата коишто ги постави опозицијата мора да бидат остварени. Сите барања се логични, разумни и нужни за фер и демократски избори. Ако не ги прифати Груевски тоа значи дека тој не сака да има фер и демократски избори“, изјави по средбата претседателот на Нова алтернатива, Ѓорѓи Оровчанец. За ваквиот став, како што рече Оровчанец, партиите од опозицискиот фронт биле единствени.

Тој додаде дека кога Груевски ќе ги прифати опозициските барања, тогаш опозицијата ќе се врати во Собрание.

„Ако Груевски реши да организира режирани избори без апсолвираните услови поставени од наша страна, нашиот став е заеднички, цврст и јасен дека партиите кои се дел од опозицискиот фронт нема да учествуваат“, додаде Оровчанец.

Автор: ЖА/макфакс

Редактор: Борис Георгиевски