1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опозицијата убедлив победник на изборите во Тајван

12 јануари 2008

*

https://p.dw.com/p/Col9

На парламентарните избори во Тајван победија опозиционите националисти. Партијата Куоминтанг, која се залага за помирување со Кина, ќе има апсолутно мнозинство во парламентот. Парламентарните избори беа и тест за претседателските што ќе се одржат на 22-ри март. Актуелниот претседател Чен Шуи Биен е изложен на критика поради курсот на разграничување од Кина. Раководството во Пекинг го смета де факто независниот Тајван за дел од својата територија.