1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опоравување на туристичката бранша

14 март 2005

По тригодишна осека, на туристичката индустрија и успеа голема промена. Бројот на туристите во светот во минатата година достигна 760 милиони, како никогаш досега. Овие податоци се изнесени на Берлинската туристичка берза:

https://p.dw.com/p/AePC
Малдиви живеат од туризам...и од убавите пејсажи
Малдиви живеат од туризам...и од убавите пејсажиФотографија: AP

И германската туристичка бранша, која вработува 2,8 милиони луѓе и здраво придонесува за целокупната економија со 58 милијарди евра, во минатата година забележа плус од 5 насто. За туризмот катастрофата што ја предизвика цунами во Јужна Азија, инаку главна тема на годинашнава берза, немаше некое посебно влијание, зашто Тајланд, Шри Ланка и Малдиви како посебни зимски дестинации, претставуваат само 0,7 насто од вкупниот промет на германските туристички компании. Клаус Лепле, претседател на сојузот на германскиот туризам:

„Секако дека знаеме оти земјите како Малдиви или Шри Ланка во голема мера зависат од туризмот и дека за нив тоа има сосема поинакво значење. Затоа решивме во конкретната помош што можеме да ја дадеме, да влеземе во такви проекти. Тоа значи на рибарите да им ги вратиме бродовите, на оние што останале без дом да им обезбедиме нов, да изградиме училишта, болници и детски градинки„.

Германските туристи во минатата година за патувањата во странство потрошија околу 60 милијарди евра. Покрај далечните патувања, успешно се развија понудите во кои е вклучено се, потоа патувањата во градови и крстосувањата. Затоа пак, се намали уделот на патувања во последен момент. Тоа е поврзано со намалените авионски и хотелски капацитети, но и со предвременото букирање кое уште до крајот на овој месец ќе достигне 15 проценти. И главно се одвива он-лајн, значи преку интернет чиј промет генерира 5 милијарди евра со тенденција на постојан пораст. Каква е иднината на околу 18 илјади туристички бироа во Германија? Клаус Лепле за ова вели:

„Модерните медиуми на располагање ставаат исклучително голем број информации, што е добро, но од друга страна тоа води кон прекумерност и површност. Тоа значи дека клиентите се дават во плима од податоци. Кој да им помогне тогаш? Интернет само малку, туку многу повеќе директно во бироата. Секогаш велам дека паушланите патувања во сонова се бизниси лице в лице„.

Ќе се одржи и бумот на ефтини авио-летови. Браншата очекува за оваа година околу 100 милиони патници во европските ефтини летови. Меѓутоа, високите цени на горивото, намалениот број патници надвор од главните правци и прекумерните капацитети веќе ги предизвикаа првите банкроти.