1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оптимизам за членство во НАТО

17 октомври 2007

Разговор со Благоја Марковски,претседател на Форумот за балканска безбедност,еден од учесниците на медиумскиот форум во Охрид за аспирациите на Македонија за членство во НАТО и што би значело тоа за неа

https://p.dw.com/p/Bru3
Од Балканскиот медиумски форум што се одржа во ОхридФотографија: Macedonian Information Agency

Дали Македонија е подготвена за членство во НАТО и каде уште постојат слабости?

Јас сум голем оптимист во врска со желбите и остварувањата на Република Македонија за членство во НАТО,би рекол реален оптимист од причина што Република Македонија во најголем дел од стандардите што треба да се постигнат за членство во НАТО ги има постигнато,пред се мислам на сферата на одбраната,на сферата на безбедноста во поширок смисол гледано,вклучувајќи ги и полициските активности односно нивната подготвеност за активности за зачувување на редот и мирот.Но Македонија најголем недостиг има во политичкото договарање на одговорните политички субјекти.Пред нас претстојат уште пет до шест месеци до следниот самит на НАТО во 2008 година,верувам дека доколку Македонија ги совлада своите инаетчиски проблеми,би можела да го совлада и тој проблем и да ги воспостави сите стандарди кои се бараат од страна на НАТО.

Во Македонија има висок процент на граѓански консензус,освен политички,некаде дури и до 90 проценти.За првпат двете етнички заедници немаат разлики околу ова прашање,и Македонците и Албанците се за членство во НАТО.Но,има резерви околу тоа што нема творечка дебата,што не очекува,кои се предизвиците понатаму?

Јас се придружувам кон тие кои со резерва го примаат овој податок,јавноста во Македонија не е доволно информирана што е тоа НАТО и што значи членството на Република Македонија во Алијансата.Веројатно под влијание на она што се случуваше во непосредното минато,и во Македонија,и во регионот,како граѓани гледаме определен спас во однос на сигурносното обезбедување на регионот и конкретно на Република Македонија и од тој аспект сите еднодушно и недвосмислено прифаќаме шро побрзо членство во НАТО.Затоа и тврдам дека треба да бидеме малку резервирани кон оваа висока бројка,доколку макеоднските граѓани би имале поблиско согледување на тоа што значи членството во НАТО веројатно овој процент би бил помал и би се движел околу 60 насто.