1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Орав: Пристапниот дијалог е шанса

14 март 2012

Пристапниот дијалог е шанса што треба да се искористи, порача новиот евроамбасадор во Скопје, Аиво Орав на средбата со македонската вицепремиерка за европски прашања Теута Арифи.

https://p.dw.com/p/14KUj
Новиот амбасадор на ЕУ во Македонија Аиво ОравФотографија: MIA

На ден пред доаѓањето на еврокомесарот за проширување Штефан Филе и стартот на пристапниот дијалог на високо ниво, евроамбасадорот Аиво Орав препорачува двете страни да ја искористат секоја можност што ја нуди тој дијалог.

„Европската перспектива е многу важна за земјата. Ова, исто така, е важно за Европската унија. Среќен сум што утре сме домаќини на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, кој заедно со премиерот Никола Груевски ќе го започне пристапниот дијалог на високо ниво. Мислам дека ова е исклучителна шанса, бидејќи ваков тип дијалог не се води со другите кандидати за членство. Се надевам дека двете страни ќе ја искористат секоја можност што овој дијалог ја нуди“, рече Орав.

Teuta Arifi Mazedonien
Македонската вицепремиерка за европски прашања Теута Арифи.Фотографија: DW

Дијалогот на високо ниво пак истакна Арифи отвора нова страница во односите меѓу Република Македонија и Европската унија.

„ Дијалогот дава особена можност да ги унапредиме процесите со ЕУ и да дадеме нов поттик на реформите во сферите за кои е предвидено да се разговара во рамките надијалогот, рече Арифи.

Таа му посака успешна работа на Орав и изрази надеж дека за време на неговиот мандат Македонија ќе стане членка на ЕУ.

Автор:СН/ЖА/миа/макфакс

Редактор: Ж. Ацеска