1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Орав се надева на консензус до самитот на ЕУ во јуни

СН/ЕМФ/миа/макфакс28 мај 2013

Евроамбасадорот во Македонија, Авио Орав, денеска (28.05) изјави дека има уште време Македонија и Грција да најдат решение за името до јунскиот самит на Европската унија (ЕУ).

https://p.dw.com/p/18fRq
Фотографија: MIA

Амбасадорот на ЕУ во Македонија Аиво Орав денеска изрази оптимизам за претстојниот состанот на Советот на Европската унија, на кој ќе се разгледува дали на Македонија ќе и‘ биде доделен датум за почеток на пристапните преговори со Унијата.

„Ние во Европската унија не зборуваме за блокади, ниту за вето, ние зборуваме за консензус. Постигнувањето на консензус е важно за секоја земја. Ни преостанува уште еден месец пред состанокот на Советот на Европската унија и мислам дека се‘ уште можеме да направиме многу. Навистина се надевам дека ќе се постигне консензус на крајот на јуни, што ќе биде задоволителен и за вашата земја и за 27 земји членки на ЕУ“, порача евроамбасадорот Аиво Орав денеска во Штип.

Орав, потоа македонскиот вицепремиер за европски прашања Фатмир Бесими, како и амбасадорите на Холандија, Италија, Словачка, Франција и Грција, денеска во Штип имаа средба со градоначалникот Илчо Захариев и го посетија едношалтерскиот систем, проект реализиран со средства од ЕУ. Амбасадорот Орав истакна дека денеска делегацијата е пристигната со информативниот автобус на ЕУ, во рамките на славењето на Денот на Европа.