1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Организацијата за исламска соработка повика на признавање на Косово

СН/ЖА/бета18 ноември 2012

Министерскиот Совет на Организацијата за исламска соработка ги повика земјите членки да го признаат независно Косово, соопшти министерството за надворешни работи во Приштина.

https://p.dw.com/p/16lAm

Министерскиот совет на Организацијата за исламска соработка усвои резолуција со која сите земји-членки на оваа организација се повикуваат да ја признаат независноста на Косово, која, како што се наведува во соопштението, се заснова на правото на слобода и на суверенитет.

Министерскиот Совет го поздравил напредокот на Косово кој се отсликува во јакнењето на демократијата и владеењето на законите, како и во остварувањето на улогата на институциите и во територијалниот интегритет, што севкупно придонесува за мир и стабилност како во земјата, така и во целиот регион.

Донесувањето на вакца резолуција било иницирано од страна на Турција и на Албанија, а за нејзино усвојување лобирал и шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај, кој за време на состанокот на министрите за надворешни работи на организацијата разговарал со голем број свои колеги. Хоџај за време на министерската конференција оддржал и говор во кој од земјите -членки на Организацијата за исламска соработка побарал да го признаат независно Косово