1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оригинал или фалсификат!?

22 јули 2011

Уметничката бранша во моментов е „свртена на глава“. Дали уметничкото дело „Салватор Мунди“ е оригинално дело на Да Винчи и дали вреди 200 милиони долари? Од ваквите сензационални вести најмногу профитираат експертите.

https://p.dw.com/p/121cu
Кој е авторот на „Салватор Мунди": Да Винчи, Микеланџело или Рафаел?Фотографија: DHM

Секогаш кога ќе се појави некое непознато мајсторско дело пазарот се електризира, а експертите започнуваат огорчени дискусии. Најновиот пример е наводното дело од Леонардо Да Винчи „Салватор Мунди“ насликано во 1500 година кое наводно се наоѓа во приватна сопственост. Делото, што се проценува на 200 милиони долари и на кое е насликан Исус Христос треба да биде прикажано во ноември на изложбата во Лондонската национална галерија. Тоа наводно нема да биде понудено на продажба. Некои научни експертизи проценуваат дека сликата е навистина нацртана од Да Винчи. Но, уште долго време ќе се водат контроверзни дискусии околу оваа тема.

Имено, кавгата е во полн ек. Националната галерија во Лондон во нејзиното објаснување за печатот тврди дека веќе е познато дека Леонардо го насликал мотивот, но на ова жестоко се противи историчарот за ликовна уметност од Лајпциг Франк Целнер. „До денес не е сигурно дали Леонардо некогаш насликал дело Салватор Мунди“, пишува историчарот во весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Да ли делото е оригинал?

BdT Auktionshaus Christie
Во акционерската куќа „Кристи" се крена голема прашина околу оригиналите на уметничките делаФотографија: dpa

Дали Рафаел, Микеланџело или Леонардо, нови откритија меѓу нивните дела се многу ислпатлив бизнис. Можеби не за оние што ги купуваат делата, но во секој случај за експертите што ги проценуваат и за аукционерските куќи, кои на одредени временски интервали најавуваат по некое откритие. Така е и ова лето во аукционерската куќа „Кристи“. Овде беше презентиран еден „Акт на машки грб“ насликан од раката на Микеланџело за цена од околу 3 до 5 милиони фунти. И во овој случај избувна кавга меѓу проценувачите и експертите околу потеклото на ова дело.

За многу нови откритија на познати уметници се утврдува дека не се оригинални. Меѓутоа, ако тие еднаш се појават на пазарот, односно во некој музеј, лаиците ќе останат убедени дека делото е оригинално, токму онака како што им се презентира.

Автор: Клаудија Херштат/ Бисера Огњановска-Митров

Редактор: Александра Трајковска