1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ослободената Германка во Авганистан на пат кон Германија

21 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BWPt

Германската хуманитарна работничка која вчера беше ослободена од заложништво во Авганистан е на пат кон Германија . Според информациите од хуманитарната организација Ора Интернешнл , Кристина М и нејзиниот сопруг летаат кон татквиината со авион на Бундевсерот . Напорите на германската влада сега се насочени кон што е можно поскоро ослободување на германскиот градежен инжинер кој повеќе од 4 недели се наоѓа во заложништво во Авганистан- порача шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер.