1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ослободена по 18 години во заложништво

28 август 2009

Еден од најспектакуларните случаи на киднапирање во САД е разјаснет: пред 18 години киднапирана девојка е повторно пронајдена. Уапсен е брачен пар, осомничен за грабнувањето.

https://p.dw.com/p/JJnF
Карл Пробин, татко на киднапираната ЏејсиФотографија: AP

Според информаци на полицијата на американската сојузна држава Калифорнија, киднаперот на денес 29 годишната млада жена ја чувал цело време скриена во една градина, сексуално ја злоупотребувал и со неа добил две деца. Полицијата го уапси брачниот пар кој во 1991 година ја грабнал девојката и со години ја чувал изолирана од светот. Главен осомничен е еден 58 годишен маж, кој е обвинет за сексуални деликти.

Тој на полицијата во Беркли и‘ паднал в очи кога се обидел со две деца да влезе во дворот на универзитетот за таму да дели летоци со религиозна содржина. Кон децата се однесувал сомнително, соопшти полицијата.

Entführte nach 18 Jahren in Kalifornien wieder aufgetaucht
Куќата во која живеела киднапираната девојкаФотографија: AP

На средба со социјален работник дошол со киднапираната Џејси Ли Дугард

По контролата е констатирано дека Филип Гаридо е осуденик кој условно бил ослободен. На состанокот со социјалниот работник кој бил задолжен за него како осуден на условна казна, Гаридо дошол со Џејси Ли Дугард, чие име стигна во весниците пред 18 години и две девојчиња на 11 и 15 годишна возраст. Притоа, Гаридо признал дека ја киднапирал Џејси, која претходно ја претставил како своја жена. Со него е уапсена и неговата вистинска сопруга Ненси како соучесник.

Автор: ЖА/ЕМФ/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска