Ослободени политички затвореници во Бурма
16 ноември 2007Реклама
По посетата на пратеникот за човекови права на ОН, Пауло Серџо Пињеиро на Бурма, ослободени се шестмина политички затвореници. Петмина од нив се членови на партијата Национална лига за демократија на опозициониот лидер Аунг Сан Су Ки. По повеќедневниот престој во Бурма, Пињеиро изјави дека сега има поточни информации за бројот на луѓето кои се убиени при задушувањето на демонстрациите во септември. Пињеиро за две недели во ОН треба да го претстави извештајот од посетата на Бурма.