1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Основање фирми како лек против кризата

7 февруари 2012

Шпанската економија е на дно, земјата е во рецесија, стапката на невработеност е меѓу највисоките во Европа. Но, дел од луѓето не сакаат само да се жалат. Тие се инвентивни.

https://p.dw.com/p/13yOj
Фотографија: picture-alliance/dpa

Стопанските јуниори не сакаат да си го расипат расположението. И покрај економската криза, тие редовно се среќаваат во Мадрид. Најголемиот дел од нив се Германци кои живеат и работат во Шпанија. Во текот на изминатите месеци дел од членовите ја напуштиле земјата поради актуелната состојба, но останатите сакаат да издржат.

„Не треба се’ да се гледа песимистички. Има и успешни приказни и оптимизам. Има и луѓе кои се во претпријатија кои и покрај кризата релативно добро минуваат низ кризата. Се’ со надеж дека во секој случај ќе дојдат подобри времиња, порано или подоцна, а тогаш повторно ќе се профитира од шпанскиот пазар и од латиноамериканскиот пазар, кој е поврзан со шпанската држава“, вели Карл Бединг Канедо, претседател на Стопанските јуниори.

Германецот во Шпанија Карл Бединг, заедно со тројца познаници, неодамна отворил онлајн фирма за шунка и вино. Секоја недела четворицата се советуваат како шпанските продукти би можеле да се продаваат подобро и во други земји. Една соработничка потоа, во текот на неделата, се грижи за нарачките кај една рекламна агенција.

Spanien schwache Wirtschaft Flash-Galerie
Невработеноста во Шпанија е голема, особено меѓу младитеФотографија: AP

„Сите ние имаме свои работни места. Ниту едно работно место не е сигурно. Мислам дека ситуацијата во Шпанија би можела да биде многу подобра. Јас би гледал на поинаков начин - наместо да се смета дека е ризично да се почне авантура во сегашнава ситуација, во нашава ситуација, во која ние имаме и други работни места, тоа е некаква сигурност“, вели Бединг.

Експертите очекуваат во Шпанија годинава да банкротираат уште 20 проценти од фирмите. Младите како Лаура Леоз Казакуберта не сакаат да се обесхрабрат поради тоа. Дизајнерката на мебел од пред неколку месеци почнала да дизајнира мебел за пари, прво за пријатели и познаници:

„Мислам дека во оваа криза едноставно мора да се бараат можности за да се креираат работи какви што се’ уште нема. И тоа е шанса да се биде независен“, убедена е таа.

Arbeitsagentur-Gebäude in Madrid
Наместо да одат во Заводот за вработување, дел од младите се решаваат на основање свои фирмиФотографија: DW

И Емилио Морено станал самостоен претприемач пред една година, заедно со пријателите. Нивната фирма Мобалоо креира рекламни спотови за мобилни апарати, како таблет-компјутери. Но, за разлика од други основачи на фирми, тој морал на почетокот да инвестира многу:

„Во моментов е тешко да се дојде до капитал. Моравме да ги вложиме сите наши заштеди, да ставиме хипотеки врз куќите, да позајмиме пари од семејствата за да можеме да ја основаме фирмата. Во Шпанија финансирањето е компликувано, но мора да се бориме“, вели Морено.

Во меѓувреме претпријатието е толку успешно, што во 2012 година ќе отвори канцеларија и во Сан Франциско.

Стопанските јуниори со месеци на своите средби дискутираат како да се однесуваат во криза. Дел од нив можен излез гледаат во основање свое претпријатие.

Автор: Алекса Мајер / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Борис Георгиевски

Прилогот можете да го погледнете и во видео-формат!