Оставка на египетската влада
24 февруари 2014Премиерот на преодната влада Хасем ал-Беблави оставката на својот кабинет ја предал кај претседателот на државата, Адли Мансур, објави во кусото обраќање преку телевизијата, без да невадува причини на повлекувањето.
„Кабинетот, во рамките на можностите, постигна добри резултати“, рече Беблави.
Тој посебно го истакна подобрувањето на безбедносната состојба во земјата. Египет се наоѓа на правилниот пат во правец на демократија, но пред граѓаните се исправени некои предизвици, рече Беблави.
Поранешниот министер за финансии по соборувањето на исламистичкиот претседател Мохамед Мурси од страна на војската во летото минатата година, беше назначен за премиер на привремената влада. Командантот на армијата Абдел Фатах ал-Сиси, кој важи за фаворит на претстојните претседателски избори во земјата, беше министер за одбрана во владата на ал-Сиси.
Со оставката Беблави го ослободи патот за кандидатурата на ал-Сиси, се истакнува во Каиро. Тој наводно не сакал сам да поднесе оставка. Претседателските избори веројатно ќе се одржат во април.