1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оставка на Кон, економскиот советник на Трамп

ЖА / агенции
7 март 2018

Уште еден близок соработник на американскиот претседател заминува од Белата куќа- главниот економски советник Гери Кон поднесе оставка поради разијдувања во мислењата.

https://p.dw.com/p/2toj7
USA Gary Cohn in der Lobby des Trump Tower in New York
Фотографија: picture-alliance/dpa/Pool/CNP/A. Lohr-Jones

Оставката на главниот економски советник на американскиот претседател се случува во екот на дебатата околу  воведување американски казнени царини за увозот на челик и алуминиум.  Кон бил против мерката предложена од Доналд Трамп и се заканил со оставка доколку таа биде реализирана. Неговото заминување се толкува сега како индиција за непопустливоста на Трамп и негова тврда линија и во однос на Европа. 

Гери Кон, поранешен успешен инвестициски банкар во Голдман Сакс и архитект на лани усвоената даночна реформа на Трамп, во Белата куќа важеше за човек кој одржува рамнотежа во економската политика. Негова заслуга е што на националистичката економска политика на Трамп, под мотото „Америка на прво место“, беше прилепена додавката „но не сама“, која имплицира одредена мерка меѓународна соработка. Долго време Кон се сметаше и за кандидат за функцијата директор на Американската централна банка, ФЕД.

Washington Republikaner Steuerreform Trump
Кон (десно) беше последниот заговорник за глобализација во советничкиот тим на ТрампФотографија: Reuters/A. P. Bernstein

Тоа што Трамп со Кон сега го губи последниот заговорник на слободната трговија и глобализацијата во својот директен советнички штаб, можно е да има последици и врз тековните преговори околу договорот за слободна трговија - Нафта со соседите Мексико и Канада. Американскиот претседател со својата најава за казнени царини предизвика страв од меѓународен трговски конфликт, политичари и економисти од цел свет изразија загриженост.

Повеќе на темата: 

Трамп ризикува трговска војна со Европа и Кина

Јункер за увозните царини: Толку глупави можеме да бидеме и ние

Доналд Трамп- гробар на слободната трговија?

По оставката на Кон, доларот бележи пад и неговиот курс во однос на јапонскиот јен достогна најниско ниво во последните 16 месеци. На Кон му беше припишувано ублажувачко влијание, истакнува економистот Пол Мортимер-Ли од банката БНП Парибас. Заминувањето на Кон буди стравувања од избивање трговска војна. „Претседателот може да се приклони кон сѐ погласните тонови за протекционизам“, вели тој. Моника де Боле од Петерсон Институтот за меѓународна економија во Вашингтон смета: „Се чини дека одлучувачки глас добиваат економските националисти.“  

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид