1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оставка на премиерот на Летонија

АТ/ ард/ вдр/ дпа27 ноември 2013

Премиерот на Летонија ненадејно поднесе оставка на функцијата, по несреќата што минатата недела се случи во еден супермаркет во Рига. Причините за уривањето на покривот сѐ уште се непознати.

https://p.dw.com/p/1APTJ
Фотографија: Reuters

Летонскиот премиер Валдис Домбровски поднесе оставка по уривањето на покривот во еден супермаркет во Рига изминатито четврток. По несреќата на Летонија ѝ е потребна влада, која има јасна поддршка од парламентот и која е во состојба да може да се справи со актуелната состојба во земјата, подвлече премиерот.

Владата со ова презема политичка одговорност за трагедијата, рече портпаролот на Домбровски по средбата на премиерот со претседателот на државата Андрис Берзинш. Домбровски најдолго ја држеше премиерската функција во летонската влада.

Оставката ќе доведе до пад на владата. Претседателот Берзинш може да ја прифати или одбие оставката на премиерот. Доколу ја прифати оставката, мора да именува преоден премиер, кој мора да формира нов кабинет.

За балтичката земја уривањето на покривот, во четвртокот на 21.11. е најголемата трагедија по независноста од Советскиот сојуз во 1991 година. Во несреќата загинаа 54 луѓе, а најмалку 40 се повредени. До минатиот понеделик беше прогласена тридневна државна жалост.

Причините за несреќата сѐ уште не се разјаснети. Надлежните органи меѓутоа се сомневаат до непридржување до градежните прописи.

Еден дел од покривот на Максима супермаркетот направен пред две години мината недела ненадејно се урна во време кога стотици луѓе беа на пазарење. Уште во текот на спасувачката акција се урна и друг дел од покривот, а тројца пожарникари загинаа. Шансите во урнатините да се најдат преживеани, според проценки на спасувачките екипи, се еднакви на нула.

Спасувачката акција беше прекината откако се урна една третина од покривот. Претседателот Берзинш во текот на викендот се заложи за брза и опсежна истрага на причините за несреќата во Рига.