1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оставка на шефот на агенцијата која го намали рејтингот на САД

23 август 2011

Досегашниот претседател на бордот на рејтинг агенцијата „Стандард и Пурс“, Девен Шарма ќе бара „нови предизвици“. Неговото заминување од функцијата се поврзува со одлуката за намалување на кредитниот рејтинг на САД.

https://p.dw.com/p/12Ljq
Фотографија: picture-alliance/dpa

Претседателот на американската кредитна агенција „Стандард и Пурс“ се повлекува од функцијата, само неколку недели откако агенцијата во потег без преседан ја намали оценката за способноста на американската Влада да ги враќа своите долгови.

Претседателот Девен Шарма е подготвен за „нови предизвици“, соопшти претставник на „Стандард и Пурс“. Ќе го замени Даглас Петерсон, актуелен извршен директор на Ситибанк.

Во соопштението на „Стандард и Пурс“ не се споменува намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, кое на 5 август годинава ги потресе светските пазари и беше дочекана со жестоки критики од администрацијата на американскиот претседател Барак Обама.

Агенцијата не ги споменува ни извештаите дека министерството за правда на САД истражува дали „Стандард и Пурс“ на погрешен начин оценила десетина хипотеки во годините кои и‘ претходеа на финансиската криза во 2008 година.

Автор: БГ/бета/ап

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска