1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Останува нерешен спорот околу атомската програма на Иран

14 септември 2004
https://p.dw.com/p/AcLI
Нуклеарни постројки во Иран
Нуклеарни постројки во ИранФотографија: AP

Првиот ден од редовното заседание на Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена не донесе приближување на позициите околу атомската програма на Иран. Додека официјален Техеран инисистира на правото на мирнодопско користење на атомската енергија, САД и ЕУ бараат прекин на сите активности во програмата што би можеле да бидат искористени за градење атомска бомба. Се повеќе гласови од Западните земји се залагаат за поставување рок за иранските власти во кој мора да бидат расчистени сите сегашни нејаснотии.

Советот на гувернери од 30-те земји членки на Меѓународната агенција за атомска енергија прво го сослушаа извештајот на Агенцијата, Мохамед Ел Барадеи, кој оцени дека се на ес Иран се однесува кооперативно. Соработката понекогаш се одвива преспоро, но неговите контролори би можеле во наредните месеци сепак дефинитивно да проверат дали Иран поседува илегална атомска програма за производство на нуклеарно оружје:

“Во тој контекст никогаш не поставив рок. Испитувањата напредуваат во зависност од кооперативноста на Иран. Ние ќе ги продолжиме се додека сметаме дека тоа е неопходно“ - порача Ел Барадеи пред Советот на гувернерите во Виена.

За разлика од Мохамед Ел Барадеи сега и Германија, Велика Британија и Франција сакаат јасен рок до ноември, во кој иранските власти треба да ги разјаснат сите детали околу атомската програма. Тие меѓутоа не сакаа да се изјаснат какви санкции треба да очекува официјален Техеран доколку се потврди сомневањето на САД и Израел дека Иран има намера да создаде атомска бомба.