Остварен последниот технички услов за визна либерализација
26 март 2009Премиерот Никола Груевски, кој официјално го пушти во употреба системот, истакна дека станува збор за еден од најнапредните системи од овој вид во Европа, кој ќе поврзува тринаесет институции и ќе овозможи размена на информации и стратешки анализи, со што значително ќе ја олесни работата на повеќе државни органи за следење на законското работење на компании и лица.
„Со имплементирањето на овој исклучително современ систем, Република Македонија станува лидер во регионот, но и пошироко“, истакна премиерот Груевски.
Тој нагласи дека системот ИСИГУ добил позитивни оценки и од сите три мисии, што Брисел ги спроведе за неговаа проверка.
Груевски најави дека владата планриа да оди понапред од условите кои во моментот се бараат, со цел што е можно поскоро да се приклучи кон шенген-системот.
На свеченоста присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања, Ивица Боцевски, како и министрите за внатрешни работи и за информатичко општество, Гордана Јанкуловска и Иво Ивановски, како и други високи функционери на МВР.
Извор: МИА
Подготви: Трајче Тосев