1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Остра осуда од Меѓународната заедница за атентатите во Алжир

12 април 2007
https://p.dw.com/p/AgEl

Меѓународната заедница најостро ги осуди атентатите во Алжир. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун ги повика сите земји на заедничка акција против насилството. ЕУ е потресена од нападите и им изрази сочуство на жртвите и нивните семејства. Портпаролот на американското министерство за надворешни, Шон Меккормак изјави дека исламските терористи претставуваат долготрајна закана за Северна Африка. Јордан и Иран ги осудија атентатите, но оценија дека тие не треба да се поистоветуваат со исламската вера. Алжирскиот премиер Абделазиз Белкамед ги оцени атентатите во кои загинаа 24 лица, а 222 беа повредени, како криминален акт. Одговорноста за атентатот ја презема терористичката организација „Ел Каида во Магреб“.