1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

190908 USA Rice Russland

19 септември 2008

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс уште еднаш упати критики на адреса на Русија. Москва е се` повеќе авторитарна и агресивна, изјави Рајс синоќа во Вашингтон.

https://p.dw.com/p/FLGA
Кондолиза РајсФотографија: AP

Настапот на американскиот министер за надворешни работи Кондолиза Рајс кон Москва беше недипломатски и остар. Како да сака во последната фаза од својот мандат уште еднаш да испрати недвосмислен сигнал на адреса на Русија:

„ Царистичката Русија од 19 век и Русија од 21 век не можат да егзистираат една покрај друга„

Москва води политика на изолација

Сегашната авторитарна внатрешна и агресивна надворешна политика е осудена на пропаст и води кон изолација, предупредува Рајс. Земја која напаѓа слободни нации и систематски понижува, како што тоа го прави Русија, мора да очекува отпор од страна на САД и Европа. Доколку Русија сака да стане повеќе од обичен лиферант на нафта и гас мора да знае дека тоа зависи од позициите на меѓународната заедница:

„ Само Русија интегрирана во светската заедница може во времето на глобализација целосно да го развие својот економски потенцијал и тоа не може да го промени„

Порака и до сојузниците во НАТО

Меѓутоа суштината на нејзината порака не се однесува само на руското раководство, односно на Путин. Туку и на европските партнери во НАТО. Рајс повторно истакна колку е важно САД и Европа да водат јасна политика кон руската политика. Посебно по инвазијата врз Грузија, не може да се врати нормалното политичко секојдневие и да постои лажно позиционирање:

„ САД и Европа мора да го спречат руското профитирање од нејзината агресија„

Кондолиза Рајс не ги прифаќа критиките на европските партнери. „Се разбира дека кога станува збор за Јужна Осетија, претседателот на Грузија не зазема оптимална позиција. Америка повеќепати ја предупреди Грузија на можноста од руска воена интервенција, тврди Рајс. Меѓутоа таа смета дека таквите критики не треба да го дефокусираат вниманието од суштината: Долго планираната руска агресија врз една демократска земја, пред која вратите на НАТО се широко отворени:

„ Последните акции поттикнуваат на разлмислување дали тие не водат во нова студена војна„

Иднината на Русија е во рацете на Кремљ

И покрај острите зборови, Рајс нема намера да игра улога на заладување на ионака затегнатите односи:

„ Руското раководство има можност во иднина да носи подобри политички одлуки. Москва ја има во раце иднината на Русија„

Времето за ваквите пораки не е одбрано случајно. Уште во текот на неделава во Вашингтон ќе се расправа околу иднината на санкциите кон Иран, заедно со Москва. Кондолиза Рајс знае дека без тесна соработка со Русија конфликтот со Иран не може да биде решен. Но исто така и да се добие војната во Авганистан.