1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Осудено палењето македонско знаме во Албанија

13 март 2012

Министерството за надворешни работи на Македонија, најостро го осудува инцидентот со палењето на македонското знаме на протестот во градот Бурел во Република Албанија.

https://p.dw.com/p/14K37
Фотографија: AP

Министерството исто така ги осудува и паролите и скандирањата со навредлива содржина за време на протестот пред македонската амбасада во Тирана.

„Инцидентите од овој карактер, проследени со пароли со говор на омраза, не одат во прилог на одличните добрососедски односи меѓу Република Македонија и Република Албанија и градење на довербата меѓу двата народа“, стои во денешната реакција од МНР.

Очекуваме, се посочува во реакцијата од МНР, албанските власти во духот на добрососедските односи, да ги осудат овие инциденти, да превземат мерки за откривање на сторителите, како и соодветни мерки за спречување на евентуални инциденти од сличен карактер.

Како што пренесoa албанските медиуми, помала група млади во центарот на Бурел по одржаниот протест го запалиле, газеле и фрлале македонското знаме. На протестот меѓу другото биле извикувани пароли „Долу Македонија“, „Сакаме етничка Албанија“.

Автор: ЖА/БГ/миа/макфакс

Редактор: Борис Георгиевски