1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Осум лица приведени во врска со пожарот на Корнати

31 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BaAE

Осум лица се приведени во врска со пожарот на хрватскиот остров Корнати, во кој загинаа шестмина пожарникари, соопшти хрватската полиција. Според хрватските медиуми, лекарите се уште се борат за животите на уште петтемина тешко настрадани пожарникари. Експертите ја критикуваат одлуката, пожарникарите да се испратат во ненаселено место, обраснато со сува трева, како и дека не биле доволно екипирани за да преживеат, откако ветрот го сменил правецот на движење и ги обиколил.

Во меѓувреме, најголемиот дел од пожарите во Грција се под контрола.