1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отворена политичка пресметка

Александар Чомовски 14 август 2008

Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски на прес конференција денеска изнесе остри ставови околу послдните активности на премиерот Никола Груевски во преговорите за името со Грција.

https://p.dw.com/p/ExJa
Претседателот Бранко ЦрвенковскиФотографија: Petr Stojanovski
Македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска влезе во отворена пресметка со премиерот Никола Груевски. Тој најави враќање во СДСМ. Последните активности на Груевски во однос на барањето за вклучување на проблемот со МПЦ во преговорите со Грција и стравот од грчките воени маневри, тој ги оцени како нерационални и штетни проценки за државата.