1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отворено 56-то Берлинале

10 февруари 2006

Шефицата на фестивалското жири ,актерката Шарлот Ремплинг и Дитер Кослик директорот на Берлиналето го изрекоа традииционалното добредојде на филмскиот фестивал во Берлин.

https://p.dw.com/p/AeTa
Шарлот Ремплинг
Шарлот РемплингФотографија: AP

На гала церемонијата на отворањето на фестивалот , присуствуваше германската филмска елита , но забележителен беше сјајот на интернационалните актерски ѕвезди како Сигурни Вивер и Алан Рикман , гланите актери во филмот со кој беше отворен фестивалот “ Сноу Кејк “

Но како и на секое и овојпат ѕвезда на фестивалот , како што нагласи директорот Кослик ќе биде публиката:

„ Од почетокот на Берлиналето , од пред 56 години , најголемиот дел од луѓето што доаѓаат тука в кино се обичните вљубеници во филмот , феновите на Берлиналето , се едно дали врне или паѓа снег. И можам само да кажам дека тоа е извонредно , и човек не може да си посака ништо поубаво. Тоа е вистинското Берлинале“

Инаку „Сноу Кејк“ филмот што го отвори Берлиналето е еден од 19 филмови што ќе се натпреваруваат во официјалната конкуренција за главните награди на фестивалот Златната и Сребрената Мечка.

Жирито предводено од прочуената актерка Шарлот Ремплинг нема да има лесна работа да го одбере најдобриот филм. Член на жирито годинава е и германската актерска легенда Армин Штал Милер :

„ Ме радува , што ќе гледам добри филмови , филмови кои истовремено се политички , филмови кои градат мостови , филмови со кои сите култури веројатно ќе можат подобро да се разберат. Тоа го сметам за многу важно“ – изјави Штал Милер , на гала свеченоста на отворањето на фестивалот.

И навистина повеќето од 19-те филмови во официјалната конкуренција се длабоко политички филмови . На пример американскиот „Сиријана“ кој се осврнува на интригите и корумцијата во меѓународниот бизнис со нафта , потоа босанскиот „Грбавица“ кој зборува за насислството врз жените и децата во балканските војни или пак филмот „Роуд то Гвантанамо на Мајкл Винтерботом , кој ја раскажува приказната на тројца британски муслимани кои по грешка се затворени во озлогласениот американски затвор на Куба. Во конкуренцијата за главните награди се наоѓаат и 4 германски филмови , што говори за процут во домашната филмска индустрија.