1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отворен Вагнеровиот фестивал во Бајројт

АТ/ ЖА/ дв/ дпа/ дапд26 јули 2012

Синоќа во Бајројт свечено беше отворен годинешниот Вагнеров оперски фестивал со нова поставка на операта „Летечкиот Холанѓанец“ под диригентсво на Кристијан Тилеман и режија на Јан Филип Глогер.

https://p.dw.com/p/15ejn
Фотографија: dapd

Годинашниот почеток на Вагнеровиот оперски фестивал е во сенка на скандалот со рускиот баритон Евгени Никитин, кој од младите денови има тетоважа на кукаст крст на градите. Откако тоа беше објавено, тој самиот се повлече од учеството.

Раковоството на фестивалот, внуките на славниот композитор Рихард Вагнер, Катарина Вагнер и Ева Вагнер Паские во меѓувреме ги отфрлија обвинувањата дека недоволно се соочуваат со национал-социјалистичкото минато на фестивалот. Катарина Вагнер изјави дека документите кои им биле достапни се ставени на располагање за научно истражување: „Историчарите работат на нив“.

Bayreuth 2012 Angela Merkel
Канцеларката Ангела Меркел со сопругот Јоахим Зауер на отворањето на Фестивалот во БајројтФотографија: Reuters

На отворањето на Фестивалот во Бајројт беа присутни повеќе политичари, меѓу кои канцеларката Ангела Меркел, министерот за надворешни работи Гидо Вестервеле и министерот за економија Филип Реслер.

На Вагнеровиот оперски фестивал до 28 август, покрај „Летечкиот Холанѓанец“, ќе бидат изведени и оперите „Тристан и Изолда“, „Парсифал“, „Лоенгрин“ и „Танхојзер“.