1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отворен индустрискиот саем во Хановер

19 април 2004

Своите производи ги изложуваат 5 илјади излагачи од повеќе од 60 земји од светот

https://p.dw.com/p/AeRZ
Шредер на отворањето на саемот во Хановер
Шредер на отворањето на саемот во ХановерФотографија: AP

Најголемиот светски индустриски саем,Хановерскиот,денеска ги отвори вратите за посетителите.До в сабота своите производи ги изложуваат 5 илјади излагачи од повеќе од 60 земји.Бројот е помал во однос на лани,но саемот треба да даде значајни импулси за порастот на конјуктурата.Претпладнето и германсиот канцелар Герхард Шредер ја направи својата традиционална прошетка по саемот.

Оптимизмот расте најмалку кај германската машинска и индустрија за опрема.За првпат се изнесени и европските споредбени бројки од страна на Сојузот.Околу 21 илјада претпријатија вработуваат околу 23 милиони луѓе.Бројот на вработените во машинската индустрија е околу 40 проценти.Со тоа Германија е водечка во Европа,пред Италија со 19 проценти.Причина за позитивно расположение е и проширувањето на ЕУ кон исток,од каде што браншата профитира со години.И тоа не само при извозот,туку и при увозот на поволни делови на пример од Чешка.Претседателот на сојузот на германската машинска индустрија Дитер Клингелберг со свој поглед на браншата:

-Техничките и технолошките изгледи за нашата бранша се значајни.И податоците за стопанскиот раст се позитивни,сметаме со плус во обртот од два проценти годинава.

Економски раст од два проценти за целото германско стопанство според проценките на Сојузот на германскаат индустрија годинава не е достижен,иако таа е подобра од 2003 година,се очекува пораст од 1,5 до 1,7 проценти,изјави претседателот на Сојузот на германската индустрија Михаел Роговски на саемот во Хановер.Причините за недоволниот раст во Германија во споредба со соодветниот на светското стопанство се слабостите на потрошувачката како и високата невработеност,како и колебањето на претприемачите да инвестираат:

-Подобрената светска конјуктура се грижи за тоа да растат енормно потрошувачката на суровини и нивната цена.Истовремено е присутна и политичка несигурност во значајните земји производители на нафта,што придонесува за нестабилноста на цените.Потоа помага и експанзивната буџетска политика на САД,но високиот дефицит на Американците носи и ризици.Се на се изгледите за светското стопанство годинава се добри,се смета на 4 проценти пораст на продукцијата,со други зборови светското стопанство е далеку пред германското,вели Роговски.