1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отворен Канскиот филмски фестивал

12 мај 2011

Синоќа беше отворен Филмскиот фестивал во Кан, најпознатиот и најспектакуларен собир од овој вид на европско тло. Годинава во трка за „Златната палма“ се 20 филмови од целиот свет

https://p.dw.com/p/11E5G
Фотографија: Cannes Filmfestival 2011

„Го прогласувам за отворен фестивалот во Кан“ со оваа кратка реченица, Бернардо Бертолучи кој ја доби првата „Почесна палма“ на Фестивалот во Кан, седнат во инвалидска количка, го прогласи почетокот на 64. издание на како што тој самиот го нарече „најголемиот фестивал во светот“.

Седумдесет годишниот италијански режисер, автор на фимовите „1900.“, „Последното танго во Париз“ и „Последниот император“, својата награда им ја посвети на „сите италијанци кои се уште имаат сила да се борат, да критикуват и да негодуваат“.

Flash-Galerie Cannes Filmfestival 2011 Bertolucci
Славниот Бернардо Бертолучи ја имаше честа да го отвори фестивалотФотографија: AP

Потоа беше прикажан најновиот филм на Вуди Ален „Полноќ во Париз“, кој наиде на добар прием од страна на публиката и акредитираните новинари.

Жирито ќе заврши добра работа

Претходно, француската актерка Мелани Лоран во улога на водител на свечената церемонија, ги отвори свеченостите славејќи ги „единаесетте денови кои вредат за сто“ и кои од Кан со црвениот тепих пред и на скалите на фестивалската палата, го прават престолнина на светскиот филм.

Претседателот на жирито, Роберт де Ниро, пречекан со громогласен долг аплауз од престижната публика, се обиде да зборува на француски ветувајќи дека ќе направи добра работа.

Flash-Galerie Cannes Filmfestival 2011 De Niro Thurman
Роберт Де Ниро и Ума ТурманФотографија: AP

„Ви велам благодарам што ме поканивте да бидам претседател на жирито. Се надевам дека ќе завршам добра работа“, рече де Ниро, од чии филмски улоги кои оставија траги во светскиот филм беа прикажани кратки исечоци, измонтирани на начин за кои тајната ја има само филмската монтажа.

20 филмови во конкуренција за „Златната палма“

Роберт де Ниро, и неговите осум членови на жирито меѓу кои вчера елегантната Ума Турман и Лин Улман исто како и целата екипа на филмот на Вуди Ален, во која недостасуваше само првата француска дама, Карла Бруни Саркози, поради „лични и професионални причини“, меѓу првите ги искачи легендарните скали на фестивалската палата.

За годинашнава Златна палма, која ќе биде доделена на 22 мај се натпреваруваат дваесет филмови, меѓу кои и на стари познаници на фестивалската публика.

Flash-Galerie Cannes Filmfestival 2011
Фотографија: dapd

Тука е Педро Алмодовар со хорор филмот „Ла пиел ке хабито“, очекуваниот Ларс вон Триер со „Меланколиа“, „Браќата со велосипед“ на браќата Дарден, потоа Аки Курисмаки, Наоми Кавасе, Теренс Малик, Раду Михалеану или пак Нани Морети со филмот „Хабемус Папам“ со Мишел Пиколи убедлив во улога на Папа.

Се’ на се ќе бидат прикажани околу 80 филмови од кои 56 во официјалните селекции на фестивалот од вкупно 1.700 понудени филмови.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Борис Георгиевски