1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Откажани разговорите меѓу Северна и Јужна Кореја

АМ/миа11 јуни 2013

Разговорите на високо ниво меѓу Северна Кореја и Јужна Кореја, кои требаа да се одржат во Сеул за помалку од 24 часа, денеска се откажани, соопштија јужнокорејските власти.

https://p.dw.com/p/18nkQ

Разговорите на министерско ниво, први во последните шест години, требаа да се одржат утре, со големи очекувања дека дијалогот ќе доведе до намалување на воените тензии на поделениот Корејски полуостров.

Засега не е дадена јасна причина за откажување на разговорите, но тоа дојде по објавувањето дека двете страни не можат да се договорат за составот на делегациите, посебно шефовите на двата преговарачки тима. По долго задоцнување двете страни конечно денеска претпладне разменија листи со имиња на членовите на нивните делегации.

„Меѓутоа, Пјонгјанг соопшти дека има проблем со главниот делегат од страна на Сеул“, истакна јужнокорејски владин претставник, без да наведе повеќе детали.

Петчлената делегација на Северна Кореја требаше да ја премине границата утре изутрина и со автомобили да биде превезена до Сеул, каде во хотелот „Хилтон“ требаше да се одржат разговорите.