1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Откриени се сите кои биле во контакт со Младиќ, Хаџиќ и Караџиќ

ЕМФ/бета22 јуни 2012

Српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ денеска (22.06) изјави дека се целосно откриени движењето и лицата кои биле во контакт со хашките бегалци Младиќ, Жупљанин, Хаџиќ и Караџиќ.

https://p.dw.com/p/15Jku
Владимир ВукчевиќФотографија: AP

„Во тек е кривична постапка против 13 лица осомничени дека учествувале во помагање и криење на хашките бегалци“, изјави на прес-конференција во Белград обвинителот Владимир Вукчевиќ. Тој изјави дека ќе биде сослушан и поранешниот директор на Безбедносно-информативната агенција Раде Булатовиќ, иако обвинитлеството нема доволно материјали за покренување кривична постапка.

Од 13 осомничени, шест лица се обвинети за криење на Младиќ, додека седуммина за помагање на Жупљанин, од кои двајца биле на високи функции на локално ниво. Според обвинителот, на Радован Караџиќ му помагале членови на неговото најтесно семејство, кои не можат да се процесуираат. Што се однесува до Горан Хаџиќ, како што тврди српскиот обвинител, информацвијата дека неговото име е на обвинението во Хаг протекла од самиот Трибунал, а пресуден момент за тој да избега бил телфеонски повик од министерството за надворешни работи, со кој мајката на Хаџиќ била известена за подигнување на обвинението. Вукчевиќ одби да ги наведе имињата на службеникот на министерството и на службеничката на Хашкиот трибунал, за да не ја прекрши претпоставката за невиност.