1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отпори во американската јавност за политиката на Буш кон Ирак

16 јануари 2007

Во американската јавност останува скепсата и отпорот против најавената стратегија на Буш за Ирак. На викендот тој мораше да ги уверува во исправноста на стратегијата дури и своите сопартијци од републиканскиот табор.

https://p.dw.com/p/Adu1
Ќе истрае ли на линијата покрај отпорите? Џорџ Буш во Белата куќа.
Ќе истрае ли на линијата покрај отпорите? Џорџ Буш во Белата куќа.Фотографија: AP

Џорџ Буш побара од републиканските политичари поддршка против најавата на противничкиот табор на демократите дека ќе се обидат да ги сопрат плановите на претседателот во двата пратенички дома, каде по изборите се стекнаа со мнозинство.

На прашањето дали може да го игнорира отпорот во Конгресот, каде демократите имаат мнозинство пратеници, Џорџ Буш во интервју за ТВ станицата СиБи Ес порача:

“Во актуелната ситуација – да! Демократите би можеле да се обидат да ме сопрат, но јас ја донесов одлуката: продолжуваме во Ирак!“

Џорџ Буш призна и во ова интервју оти било погрешно што на почетокот од војната испратил недоволно војници во Ирак за уште на време да го скрши отпорот. Но, тоа не менува ништо во неговата одлука да испрати засилување во Ирак и да се обиде на тој начин да ја поддржи актуелната влада во Багдад, така што таа до ноември годинава би можела да ја преземе одговорноста за безбедноста во сопствената земја. Тоа би било токму една година пред претседателските избори во САД, со што Буш се надева дека ќе ја одбегне казната од избирачите за непопуларната војна во Ирак.