1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отстранување на блокадата ќе биде значајно за решавање на спорот за името

2 декември 2011

Процесот на проширување се политизира! Блокадата треба да се отстрани! Легитимно е да се преиспита и односот кон Македонија. Потребна е нова стратегија за проширувањето, смета германскиот социјалдемократ Гернот Ерлер.

https://p.dw.com/p/13L1i
Montenegro & Macedonia topographical relief map, partial graphic
Западен БалканФотографија: AP Graphics

Европската стратегија за проширување е во криза! И покрај ветените европски перспективи земјите од Западниот Балкан најконкретно ги чувствуваат синдромот на преоптовареноста на Унијата по последниве проширувања, но и негативните искуства од Бугарија и Романија кои ја активираа резервата и недовербата на старите членки на ЕУ. Сево ова, вклучувајќи ја и најновата криза на еврото и на Грција, ги поместија на неопределен рок временскиот хоризонти за наредната рунда проширување со државите од Западниот Балкан, смета Гернот Ерлер, социјалдемократ, пратеник во Бундстагот и претседател на Друштвото за Југоисточна Европа кое ја организираше конференцијата за кризата во Грција. Ерлер на овој форум ја лансираше идејата за потреба од создавање нова стратегија за проширувањето на земјите од регионот, со која ќе се врати довербата и ќе се забрза процесот.
„ За жал видовме дека во државите имаше политизирање на процесот на проширувањето. Мислам конкретно на граничниот спор меѓу Словенија и Хрватска, но и на конфликтот меѓу Македонија и Грција, каде поради принципот на консензус, членките на ЕУ се во посилна позиција при што ваквите интереси се инструментализирани и носат несигурност во целиот процес на натамошното проширување“, смета Ерлер дополнувајќи:
„ Отстранувањето на блокада ќе биде многу значајно за решение на спорот за името меѓу Грција и Македонија. Треба да се види и кои се европските гледишта. Интересно е што Грција е во ситуација во која и треба помош. Иако ова не треба да се искористи, легитимно е околу ова прашање да се погледне и односот кон Македонија. Во моментов мислам дека со решавањето на оваа блокада, а тоа е навистина блокада, исклучително ќе се придонесе за враќање на довербата во процесот на проширувањето, при што и двете страни мора да се поместат“, смета Гернот Ерлер кој се заложи за ревитализирање на Стратегијата за проширувањето на ЕУ подвлекувајќи дека за нејзино спроведување предуслов е брзото решение на евро кризата со што би се создале нови капацитети за прием.

Негативен имиџ за регионот

„ Нема сомнение дека грчката криза ги промени условите за оние кои претендираат на проширувањето на ЕУ. Забавеното и можеби стагнирачко заздравување на економијата им создава тешкотии на земјите од Западниот Балкан да ги спорведат реформите кои ги бара Унијата.“, смета Франц-Лотар Алтман, професот на Универзитетот во Букурешт. Според него во иднина како дополнителен товар за новото проширување ќе биде и негативен имиџ на балканските држави како генерално проблематичен регион од континентот. Покрај големото влијание врз економијата на земјите од Западниот Балкан, кои последиците ги чувствуваат во трговската размена, директните инвестиции и бакнкарскиот сектор, грчката криза како кажа Алтман донесе и „колатерална штета во политичката сфера“.
„ Во гео-стратешките прашања во изминативе години Грција ја прокоцка својата улога. Не се покажа особено коснструктивна во однос на соседните држави. Во однос на Македонија, признавањето на Косово каде силно ја држеше страната на Србија со што беше против европската струја , потоа нерешените работи со Турција.. Можеше да има посилна улога на Балканот во политичката сфера, но тоа не го искористи.“, констатираше Франц Лотар Алтман, за влијанието на Грција врз политичкото милје на соседните земји осврнувајќи конкретно и врз Македонија:

Решението ќе почека!

И тука пред заострувањето на кризата имаше навестувања дека последната владата на ПАСОК со Папандреу е пофлексибилна. Во ноември 2009 тата во Преспа, на грчка иницијатива и наводно поради ангажман за заштитата на животтната средина, имаше средба меѓу премиерите на Албанија, Грција и Македонинја. На повидок беше прв чекор кон норализирање на односите меѓу Македонија и Грција. Сега ако се знае дека до изборите во 2012 во Грција голема улога има конзервативната партија на Антонис Самарас, политичарот кој во 1993 го покрена споорот со името, не може да се очекува решение во ваква ситуација. Тешкотии има и од спротивната страна, од Скопје, каде премиерот Никола Груевски не внесува конструктивни понуди“, коментира Франц- Лотар Алтман.

Автор: Силвера Падори- Кленке

Balkanexperte Franz-Lothar Altmann aus München
Не може да се очекува решение до новите избори во 2012 - Франц-Лотар АлтманФотографија: Franz-Lothar Altmann
Gernot Erler (SPD)
Деблокадата на македонија ќе ја врати довербата! Гернот Ерлер(СПД_Фотографија: dapd

Редактор: Симе Недевски