1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Офанзивата на шарм на Марио Драги

У. Винкхаус и А. Штал (дпа) / Е.М.Фиданоска25 септември 2012

Марио Драги знае колку неговиот курс е спорен во Германија. Претседателот на ЕЦБ е на голема рекламна тура - кај Меркел, пред германските индустријалци и во Бундестагот.

https://p.dw.com/p/16Dvt
Фотографија: AP

Марио Драги посетувал езуитско училиште. Важи за јасен, трезвен, нагласено разумен. Но исклучителни времиња бараат исклучителни мерки. Претседателот на Европската централна банка знае - во ниедна друга земја неговиот курс не се третира толку критички како во Германија.

Три недели по одлуката на ЕЦБ за купување државни обврзници од земјите во криза Драги стартува офанзива на шарм. Конечно, германскиот Уставен суд се‘ уште не го кажал последниот збор. Не е исклучено судот да му ја испрати програмата на ЕЦБ на проценка на Европскиот суд.

Денеска Драги разговараше во четири очи со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Настапи и пред менџерите во германската индустрија, а Италијанецот треба својата евро-стратегија да и‘ ја претстави и на Комисијата за буџетски прашања на Бундестагот.

Драги има причини за самодоверба. По најавата од страна на ЕЦБ за купување државни бврзници, притисокот на финансиските пазари значително се намали. Централната банка им обезбеди на државите во криза време да здивнат, иако и натаму има големи ризици. Тоа го признаваат и критичарите на ЕЦБ. Дури и германската индустрија гледа знаци на подобрување, меѓу другото, благодарение и на најавената програма на ЕЦБ.

Меѓу Меркел и Драги постои чуден баланс на моќ. Многумина канцеларката ја сметаат за најмоќна жена на светот, во ЕЦБ ја гледаат како тајна влада на Европа. Оттука, посетата на Драги на Меркел е сигнал, иако тоа не е прва посета на шеф на ЕЦБ во владината централа во Берлин. Утре во Берлин треба да дојде и шефицата на ММФ Кристин Лагард, која исто така делумно е критички настроена кон кризниот менаџмент на Меркел.

Mario Draghi EZB Deutschland Hans-Peter Keitel BDI
Марио Драги (средина) и Ханс-Петер Кајтел денеска (25.09) во БерлинФотографија: AP

Претседателот на германската индустрија Ханс-Петер Кајтел упати покана до Драги да зборува на собирот на менаџерите неодамна и тој прифати спонтано. Потег што го однесе директно во „челуста на лавот“. Тој во Берлин подвлече дека политиката и натаму е обврзаната да дејствува. Мерките на ЕЦБ се само „мост“ и мора да бидат надополнети до дејства на владите, рече Драги на собирот по повод Денот на германската индустрија.

Што мисли индустријата за курсот на ЕЦБ Кајтел стави јасно до знаење уште денеска претпладне. Пред околу илјада присутни на собирот на индустријалците тој недвосмислено застана зад шефот на Бундесбанката Јенд Вајдман, кој во Советот на ЕЦБ беше единствен што гласаше против програмата за купување државни обврзници. Кајтел од ЕЦБ побара да купува државни обврзници само од земјите во криза кои се под чадорот за спас и кои се обврзале на строги реформи. Меркел, која денеска исто така зборуваше пред германските индустријалци, со ниту еден збор не се осврна на ЕЦБ, за разлика од нејзиниот заменик - вицеканцеларот и министер за економија Филип Реслер. Тој преудпреди од опасноста д инфлација. Се разбира доби френетичен аплауз.

Дали офанзивата на транспарентност на Марио Драги ќе добие аплауз е прашање. Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле неодамна критикуваше што советувањата во телата на ЕЦБ делумно се објавуваат.